Ријана во сопствената кампања за Fenty Beauty ја слави различноста

Пишува: Точка

Американската поп ѕвезда Ријана, на социјалните мрежи објави официјално најавно видео за нејзиниот мејкап бренд Fenty Beauty, кој настана во соработка со Sephora.

Ријана, својот бренд го претставила преку модели со различни типови на тела и стил, вклучувајќи и плус-сајз модели, а во видеото може да се забележи дека таа остана верна на својот начин на изразување.

Американската пејачка на овој начин ја слави различноста и им порачува на жените дека не мораат да бидат постојано исти.

Колекцијата се состои од руменила, хајлајтери и кармини кои одговараат на различни тонови на кожа и лице. Освен тоа, Ријана ги открила имињата на производите како што се Chili Mango, Trophy Wife, Yacht Life, Confetti, Gloss Bomb, Blondes Do Not Not Have Fun и Kilowatt.

Fenty Beauty ќе се најде во продажба од 8 септември, а ќе биде достапна за купување во Sephora и Harvey Nichols во Велика Британија.

No comments

Powered by Blogger.