Кал затрупа половина село: Калта во Швајцарските Алпи носела сè пред себе, има и мртви!

Пишува: Точка

Се стравува дека 14 луѓе загинале во Швајцарските Алпи во налет на калливо свлечиште.

За осум германски, австриски и швајцарски туристи "засега не се знае каде се", наведува полицијата во кантонот Граубуенден.

Покрај тоа, во несреќата им се изгубила трагата на уште пет или шест лица, рекол началникот на полицијата во Граубуенден, Андреа Митнер на прес конференцијата, повикувајќи се на изјави на членови на нивните семејства.

Огромната количина на карпи и кал се свлекла во долината зад селото Бондо, во близина на италијанската граница.

Оштетени и уништени се 12 згради, меѓу кои пет во Бондо, наведува полицијата.

За сообраќај е затворен и главниот пат на југот на кантонот.

No comments

Powered by Blogger.