Поплава од библиски размери ја чека денес Америка: Се вкрствуваат ураганот Лидија и олујата Ирма, поради водата може да исчезне сè

Пишува: Точка

Експертите предупредуваат дека, по ураганот со уништувачки интензитет како Харви и порастот на нивото на морето, загревањето на океаните и повисоките температури на воздухот, доаѓаат уште "поголеми и посилни" олуји.

Додека Тексас полека се опоравува по ураганот Харви, нова тропска олуја е формирана преку Атлантскиот океан и константно се интензивира. Од друга страна, на западот на САД, тропската олуја Лидија ќе мине неколку километри западно од полуостровот Долна Калифорнија.

Новите информации за можностите на потенцијалните урагани, ги вознемириле жителите на САД кои и натаму се во шок по ураганот Харви и последиците кои ги оставил зад себе. Денес е сооштено дека бројот на жртви на ураганот пораснал на 39 и дека се уништени неколку десетини илјадни куќи, речиси една недала откако го погодил брегот на Тексас.

Експертите предупредуваат дека, по ураганот со уништувачки интензитет како Харви и порастот на нивото на морето, загревањето на океаните и повисоките температури на воздухот, доаѓаат уште "поголеми и посилни" олуји.

Националната океанска и атмосферска администрација изјавила дека сезоната на урагани во 2017. година веројатно ќе биде над нормалата.

Ураган Ирма

Ураганот Ирма над источниот дел на Атлантскиот океан се засилил на категорија 3, забрзано се развива кон категорија 4 и оди кон Карибите, сопштил американскиот Национален центар за урагани.

Се наведува дека ураганот се наоѓа на околу 1.160 километри западно од грпата острови Капе Верде и дека предизвикува ветрови со брзина од 185 километри на час. Таквите олуји, кои се шират преку Атлантикот, често стануваат и најголеми и најсилни урагани, како претходно што било случај со Хуго, Флојд и Иван.

Ураганот се движи кон Порторико, кој е територија на САД, како и Доминиканската Република и соседен Хаити, па би можел таму кон средината на наредната седмица да донесе врнежи.

Во средата било соопштено дека се очекува во текот на денешниот ден да добие целосна јачина.

Засега властите рекле дека Ирма моментално не претставува закана, но дека е рано да се дава проценка. Ирма во оваа сезона на урагани е деветтиот кој е именуван.

Тропска олуја Лидија

Тропската олуја Лидија се формирала над Тихиот океан, на околу 290 километри југоисточно од врвот на мексиканската држава Долна Калифорнија, заканувајќи се дека во наредните денови ќе прерасне во ураган, предупредил американскиот национален центар за урагани.



Тропската олуја е проследена со ветер од 64 километри на час, а се предвидува дека ќе се засили во наредните 48 часа, пренесува Reuters.

"Лидија уште има потенцијал да прерасне во ураган пред удри на копно", предупредуваат од NHC.

Олујата би можела да донесе обилни врнежи, кои би предизвикале поплави опасни по живот, силни дождови и одрони.

Издадено е и предупредување за тропски олуји, што значи дека тие може да се очекуваат во рок од 36 часа.

No comments

Powered by Blogger.