Смртта во подморницата останува мистерија: Обезглавеното тело е идентификувано, но ова сè уште не се знае

Пишува: Точка

По идентификацијата било утврдено дека женското тело пронајдено во вторникот во водите кај Копенхаген е на исчезнатата шведска новинарка Ким Вал.

"Со проверката на ДНК установивме дека телото е на Ким Вал", соопштила полицијата на Твитер.

Данската полиција пред неколку дена соопштила дека Вал, која се водела како исчезната од 11. август, кога го интервјуирала сопственикот на една подморница, загинала во несреќа која се случила на тоа пловило, пред да потоне.

Сопственикот на подморницата, Петер Мадсен, како што е соопштено, нејзиното тело го фрлил во море.

Мадсен, кој е обвинет за убиство од небрежност, на полицијата и кажал дека на подморницата дошло до несреќа која ја предизвикала смртта на Ким Вал, и дека после тоа ја фрлил во морето, на неодредена локација јужно од Копенхаген, било соопштено од полицијата.


Меѓутоа, останува нејасно како дошло до тоа таа да се обезглави.

Мадсен првобитно ги негирал обвиненијата за убиство од небрежност, тврдејќи дека новинарката ја напуштила подморницата во Копенхаген, пред да потоне.

Тој бил уапсен неколку часа откако неговата подморница, тешка 40 тони и долга 18 метри, потонала кај источниот брег на Данска.

No comments

Powered by Blogger.