“Dusk Till Dawn”: Зејн и Сиа со нов сингл и видео преполно со акција

Пишува: Точка

Зејн и Сиа го објавија видеото за новата заедничка песна, наречена “Dusk Till Dawn”.

Некогашниот член на бендот “One Direction” ги здружи своите сили со пејачката Сиа и израдува милиони фанови ширум светот.

Ова е прв сингл од вториот албум на Зејн, а како автори на песната се појавуваат токму тие двајца и Грег Керстин, кој е исто така и продуцент на песната. На видеото работел Марк Веб, човекот кој е еден од авторите на “The Amazing Spider-Man” и “500 Days of Summer”.

Во видео записот се појавува британската актерка Џемима Кирке, позната по улогата на Џеса Јохансон во ТВ серијата “Girls”.



Дебитантскиот соло албум на Зејн се искачил на првото место на топ листата ширум светот по објавата на синглот “Pillowtalk”.

No comments

Powered by Blogger.