Американскиот гигант Coca-Cola објави вистински предизвик: “Ако пронајдете замена за шеќерот, добивате награда од милион долари”

Пишува: Точка

Намалувањето на застапеноста на шеќерот кај крајните производи е еден од најпопуларните трендови на денешницата, а американскиот гигант за газирани сокови сега нуди и примамлива награда како поттик за пронаоѓање на начин за да ја подобри својата производна линија.

Coca-Cola со тоа објави предизвик за сите истражувачи и научници со цел да произведат природна замена за шеќерот, со малку или воопшто калории, за напитокот на познатата компанија. А на победникот од ова натпреварување, којшто ќе биде објавен во октомври во 2018-та година, му нуди – милион долари!

Компанијата спроведува и помало натпреварување за 100.000 долари, “предизвик слатка приказна”, како од учесниците би дознале испробани и точни методи за природно засладување на храната или напитоците во нивните култури, заедници или семејства.

Но, милион долари награда е всушност и мала сума за една компанија којашто е голема колку Coca-Cola, посебно земајќи ја предвид улогата на шеќерот кај гојазноста и епидемијата од дијабетес тип 2, како и последичното намалување на консумирањето на газирани напитоци.



- Шеќерот денес е број 1 производ којшто потрошувачите едноставно сакаат да го избегнат во својата исхрана, потенцира Дарен Сејфер, аналитичар во индустријата за храна и пијалаци во NPD групата.

Пораката дека треба да се намали консумирањето и употребата на шеќерот постојано ја испраќаат стручњаците ширум светот. Ова е огромен предизвик за индустријата за пијалаци, посебно имајќи превид што потрошувачите не сакаат вештачки засладувачи во своите сокови.

- Бараме природна, безбедна супстанца со малку или воопшто калории, којашто создава сензација на вкусот на шеќерот кога ќе се стави во напиток, навела компанијата Coca-Cola на својата платформа за собирање на идеи HeroX.

Coca-Cola и претходно беше во потрага по напиток без шеќер. Така настанале и диеталните газирани сокови, коишто секако имаат свои купувачи, меѓутоа луѓето главно не сакаат вештачки засладувачи затоа што тие едноставно немаат вкус како шеќерот.



На пазарот веќе има и неколку засладувачи на растителна база, како на пример стевиата, меѓутоа не се ниту одблиску популарни како што се очекувало.

И Coca-Cola има неколку производи со стевиа. Компанијата затоа ја исклучила оваа битка од натпреварувањето.

Но да се пронајде добра алтернатива за шеќерот секако не е лесна задача...

No comments

Powered by Blogger.