CNN: Еве зошто Путин е толку моќен

Пишува: Точка

Американски CNN во серијалот „Декодирање на Русија“ тврди дека постојат три работи кои што градат широка мрежа на влијание поради кои претседателот на Русија е толку многу моќен.

Како што заклучува CNN, станува збор за сајбер моќта на Русија, воената моќ и култот на личноста.

CNN укажува на тоа дека, иако Русија негира, сепак Русите се обвинети дека нивни хакери влијаеле на резултатите на минатогодишните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, а исто така биле вмешани и во изборите во Украина и Естонија.

Во врска со тоа, CNN констатира дека Русија поседува огромна хакерска моќ, затоа што факултетите уште во ерата на Советскиот сојуз биле изградени во систем чија што задача е да „произведе“ инжинери од светска класа.

Што се однесува до воената моќ, CNN констатира дека во државата сѐ е под контрола на претседателот Владимир Путин кој што има апсолутна контрола на сѐ, вклучувајќи ги и нуклеарните бомби.

Освен тоа, Владимир Путин трошел огромни пари на константна модернизација на војската, иако експертите тврдат дека руското конвенционално оружје и натаму има ограничени можности.

Третата работа поради која што Владимир Путин е толку моќен, според CNN е неговата неверојатна популарност. Сѐ повеќе Руси го слават својот лидер, иако тој наиде на сериозни критики и од најголемите светски лидери после руските акции во Украина и во Сирија.


Сепак, Путин е сѐ попопуларен, констатира CNN, а тоа го објаснува со фактот што мнозинството Руси сакаат нивната држава да има што поголемо влијание на случувањата во светот, дури иако тоа може да донесе санкции против Русија и влошување на животниот стандард на обичниот граѓанин.



Американската телевизија заклучува дека во јакнењето на популарноста, Путин најмногу профитира поради политичкиот систем во Русија, како и од медиумската сцена на која што постои нулта толеранција на критики на лидерот.

No comments

Powered by Blogger.