Хорор во познато јадранско летувалиште: Четворица силувале девојка пред очите на свршеникот па ја фрлиле во море

Пишува: Точка

На плажата во Римини, која се смета за една од најпопуларните плажи во Италија, полицијата истражува случај на групно силување на жена од Полска и брутално претепување на нејзиниот свршеник.

Двајцата во петокот навечер биле нападнати од четворица црномурести момчиња и најпрво претепани, а потоа на момчето му скршиле шише од глава.

Овој 26-годишен пар од Полска следниот ден требало да се врати дома од летувањето, па одлучил последниот ден да го минат со шетање крај морето. Тогаш на шеталиштето одненадеж се појавиле четворица мажи.

По кратката расправија тие го удриле Полјакот неколку пати со тупаници и со нозе, а потоа му скршиле и шише од глава. Потоа неговата девојка ја одвлекле на брегот и ја силувале, по што ја фрлиле во море и побегнале.
Во полиција се јавиле случајни минувачи кои го виделе парот како лежи на плажата. Тие биле префрлени во болница со тешки повреди. Полицијата соопштила дека насилниците зад себе оставиле многу траги, и дека сигурно биле снимени од некоја од безбедносните камери.



Оваа група хулигани истата вечер силувала и ограбила еден перуански транссексуалец.



Досега бил уапсен еден 19-годишник, а неговиот адвокат тврди дека немало силување, туку дека девојката ги обвинила за силување бидејќи ја печела совеста поради неверство. Меѓутоа, не ги објаснил повредите кои ги имале девојката и нејзиниот партнер.
Момчето и девојката дале искази во полицијата, а цела облека на девојката била пратена на вештачење.

No comments

Powered by Blogger.