Скандалозен прес на Трамп: Ги изедначи фашистите и антифашистите

Пишува: Nova

Помалку од 24 часа откако ги осуди профашистичките демонстрации во Шарлотсвил во Вирџинија, американскиот претседател Доналд Трамп повторно на прес конференција ги изедначи фашистчките и антифашистичките протести во градот. Неговата изјава ја најавува можеби најголемата внатрешна политика криза во САД.

На прес конфенцијата одржана во Кулата Трамп во Њујорк требаше да се зборува за планот за обнова на инфраструктурата во Америка и за измена на законот за данок, но се претвоти во вербална војна на Трамп со новинарите во која тој се обиде да го изедначи протетсото на фашистите и контрафашистите во Шарлотсвил во саботата.

-Мислам дека вината е на двете страни. Ако ги погледнете двете страни, мислам дека вината лежи на секоја од нив и немам сомнеж во тоа, а мислам дека вие погрешно известивте, изјави Трапм.

На новинарско прашање како може да ги изедначува двете групи кои се судрија во саботата, кога само ден претходно во петокот, повеќе илјади неонацисти, членови на Кју клукс кланот и приврзаници на супериорноста на белата раса маршираа во кампусот на Универзитетот на Вирџинија противејќи се на отстранувањето на статуата на генералот на конфедералната војска Роберт Ли, со факели кои биле симболна расизмот во 50 и 60 години, Трамп рече:


-Имаше одреден број многу лоши луѓе во оваа група. Имаше и луѓе кои протетсираа поради најавата за отстранување на, за нив многу важниот споменик на генералот Роберт Ли и преименување на паркот, рече Трамп.

Но Трамп не спомена дека тие неколку илјади луѓе со факелите скандирале слогани како „Евреите нема да не заменат“, „Ова се наши улици“ и посебно проблематичниот слоган „Крв и држава“, што според аналитичарите го прави Трамп лицемерен.



Џон Кели, шеф на Кабинет во белата куќа за време на пресот

Во тензичен разговор со новинарите во „Трамп тауер“ во Њујорк претседателот ги дообјасни своите првични коментари со недостиг од доволно информации.


– Кога давам изјава, се трудам да бидам точен. Сакам да ги знам фактите, рече тој, разјаснувајќи зошто чекал до понеделник за да го осуди расистичкото насилство во малиот град од сојузната држава Вирџинија.

Подложен на вкрстен новинарски оган, Трамп, меѓутоа, потоа ја бранеше својата првична реакција.

– Гледав многу внимателно, многу повнимателно од повеќето луѓе. Од една страна имаше група многу агресивни луѓе, но и луѓето од другата страна, исто така, беа многу агресивни. Никој не сака да го каже тоа, изјави Трамп.


Тој потсети дека во првичниот протест учествувале луѓе кои едноставно сакале да протестираат против симнување на статуата на генералот на армијата на Конфедерацијата во Граѓанската војна, Роберт Ли, а не приврзаниците на идејата за надмоќ на белите.

– Тие тргнаа едни кон други со стапови, беше страшно, ужасно, додаде претседателот.

„Ги осудив неонацистите, но не сите таму беа неонацисти или бели расисти“, рече тој.

Трамп го бранеше и својот главен стратег, Стив Бенон, оценувајќи го како „совесен човек, а не расист“.

– Го сакам Банон, тој е пријател, рече претседателот, подвлекувајќи дека тој дошол доцна во неговата екипа и во воздухот оставил да лебдат сомневањата за неговата иднина. Ќе видиме што ќе се случи со Банон, додаде тој.

Осуди на синоќешната прес конференција на Трамп стигнуваат и од демократската и од репувликанската страна, но најостра осуда, морална, ситгна од очувот на Хедер хејерс која беше прегазена од страна на 20 годишниот расист во Шарлотсвил во саботата.

-Таа не беше афроамериканка тоа знаете. Сакаше се, без разлика на бојата на кожата и беше добар човек. Сакам од нејзината смрт да се изроди нешто добро, а тука пред се мислам на тоа луѓето да се обединат и да престанат да се мразат меѓусебе поради одреден период од нашата историја, изјави очувот на убиената девојка Ким Бро.


Обраќањето на Трамп, според аналитичарите, предизвика една од најдлабоките внатрешни политички кризи во изминатите децении. Извори од Белата куќа истакнуваат дека никој не бил запознат со она што Трамп ќе го говори на конференцијата.

Весникот „Њујорк тајмс“ вчера напиша дека медиумскиот магнат Руперт Мардок пред извесно време го посоветувал Трамп да го смени Банон – претставник на американската алтернативна десница. Според весникот, на вечера во Белата куќа, на почетокот на август, основачот на „Фокс њуз“, на претседателот му препорачал да се ослободи од поранешниот сопственик на сајтот „Брајтбарт“, кој го претворил во платформа на американската екстремна десница, преименувана во „алтернативна десница”.





Но освен на прес конференцијата Трамп продолжи со полемиката со новнарите и на социјалните мрежи. На Твитер објави карикатура на која воз удира новинар на Си Ен Ен, а што цртежот предизвика лавина критики, по што тој веднаш го избриша, но многумина го ретвитаа.

No comments

Powered by Blogger.