"Немој да пукаш": Добила доживотен затвор поради папаголот кој ги повторува последните зборови на убиениот сопруг

Пишува: Точка

49-годишната Глена Дурам минатиот месец била прогласена за виновна за тешко убиство на сопругот, Мартин Дурам, а судот вчера ја осудил на доживотен затвор. Несреќниот 46-годишен маж Глена го застрелала пет пати, по што и самата се обидела да се убие. Но, преживеала, а во доживотен затвор ја ставил нејзиниот папагал Бад, кој со денови по убиството го имитирал гласот на Мартин и ги повторувал неговите последни зборови: "Немој да пукаш".

Убиството се случило во 2015. година во Мичиген, а да не бил Бад, единствениот сведок на немилиот настан, Глена Дурам веројатно би се извлекла без казна.
Имено, таа дури пет пати го застрелала својот сопруг Мартин, по што тој починал, а таа се обидела да се самубие. Но, пред да биде застрелан, Мартин ги изговорил своите последни зборови: "Немој да пукаш", кои ги слушнал и Бад, пишува The Daily Mail.
Откако го убила сопругот, Глена пукала во себе, но преживеала.
Откако поранешната сопруга на Мартин, Кристина Келер, забележала дека Бад константно ја повторува споменатата реченица, а таткото на убиениот тоа го потврдил, изнеле теорија дека Бад бил сведок на убиството и затоа ги повторува тие зборови.
 3

No comments

Powered by Blogger.