САД демонстрираа воена сила на Северна Кореја


Два дена откако Северна Кореја лансираше ракета што ја надлета Јапонија, САД ,Јужна Кореја и Јапонија организираа своја демонстрација на сила со најсовремените авиони бомбардери.

Притоа, четири американски борбени авиони F-35B, заедно со два американски бомбардери Б-1Б и четири јужнокорејски борбени авиони Ф-15 заеднички го надлетаа Корејскиот Полуостров, во рамките на воената вежба со вистинска муниција. Со вежбата тие сакаа да и пратат порака на Северна Кореја дека силно се спротивставуваат на тестовите со балистички проектили и развојот на нуклеарно оружје.

Според некои медиуми, американските борбени авиони Б-1 ја надлетале демилитаризираната зона на границата меѓу двете Кореи и фрлиле бомба што експлодирала и на дел од територијата на Северна Кореја.

Претседател Доналд Трамп во средата објави на Твитер дека да се “разговара со Северна Кореја не е веќе решение”.

No comments

Powered by Blogger.