Манасков: Ако не бев ракометар, ќе бев возач на автобус

Пишува: Точка

Македонското крило, Дејан Манасков оваа сезона ќе го гледаме во дресот на унгарскиот гигант Веспрем кој влегува со високи амбиции како во домашните натпреварувања така и во Лигата на шампионите.

Манасков сигурно ќе се сака добро да се прикаже во новата средина, па и пред навивачите кои имаа можност да дознаат нешто повеќе за него. Имено Деки одговараше на 20 интересни прашања, а меѓу нив беше и што би бил ако не е ракометар?

-Не знам, можеби шофер на автобус.

Летечкото крило воедно откри дека негов идол во ракометот е Мишел Гугу, но и тоа оти најгордиот момент во кариерата е освоеното петто место со Македонија на ЕП во Србија.

-Тоа е освоеното петто место на ЕП во Србија. Бев млад, имав само 19 години кога бев селектиран да бидам дел од националниот тим. Тоа е се уште најдобриот резултат на репрезентацијата, не можам да го заборавам тој момент, -посочи репрезентативецот.

No comments

Powered by Blogger.