Путин го кажал своето: Северна Кореја ако треба ќе јаде и трева, но нема да се откаже! Воената хистерија води до глобална катастрофа

Пишува: Точка

Северна Кореја од друга страна одбрала конфронтација со светската заедница и развој на нуклеарно оружје, кое моментално брзо се усовршува.

Примерите на Ирак и Либија го убедиле раководството на Северна Кореја дека само нуклеарно вооружување може да ги заштити, така што санкиците нема да ги одвратат од нивните намери, рекол рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата одржана по самитот на земјите членки на "BRICS" во кинекси Сјамен.

"Засилувањето на воената хистерија во такви услови е бесмислено. Тоа би можело да доведе до глобални, планетарни катастрофи и огромна загуба на човечки животи. Не постои друг начин да се реши нуклеарното прашање освен со мирен дијалог", рекол Путин.

Инвазиите на САД на Ирак во 2003. година и на Либија во 2011. година дојдоа откако лидерите на тие земји подлегнаа на меѓународниот притисок и се откажаа од своите нуклеарни програми во замена за намалување на санкциите.

Северна Кореја од друга страна избра конфронтација со светската заедница и развој на нуклеарно оружје, кое моментално брзо се усовршува, пренесува RT.


"Како што им кажав вчера на колегите, тие ќе јадат и трева, но нема да се откажат од својата програма бидејќи не се чувствуваат безбедно. Што може да им ја зголеми безбедноста? Враќање на меѓународното право", рекол тој.

Претседателот на Русија го обвинил американскиот естаблишмент за отсуство на политичка култура во врска со ситуацијата со руските дипломатски претставништва во САД.

Претседателот Путин изјавил дека Москва би можела дополнително да го намали бројо на вработени во американската дипломатска мисија за 155 луѓе.

"Тие не се акредитирани дипломати во Стејт департментот", рекол рускиот претседател, пренесува Sputnik.

Русија го задржува правото да донесува одлуки за намалување на дипломатските мисии на САД во Русија, но засега нема да го прави тоа, додал Путин.

Тој додал дека Русија ќе се жали на суд за одземањето на нејзиното право да располага со свој имот во САД. Рускиот претседател смета дека тоа ги нарушува имотните права на Русија.

No comments

Powered by Blogger.