Како Бојку го разработувал „бизнисот“?


Пишува: Фактор

Убиениот Дилавер Бојку Леку важеше за некрунисан крал на проституцијата на Балканот и еден од главните босови на албанската мафија, која контролираше мрежа на трговија со бело робје во Македонија. Прв пат е уапсен во почетокот на февруари 2003 година во неговиот хотел во близина на Струга, под сомнение дека присилувал жени на проституција.

Против него од 1979 до 2001 година полицијата имаше поднесено дури 17 кривични пријави поради подведување на проституција, но се до 2003 година беше недопирлив за органите на прогонот. Неколку пати беше апсен, но до 2003 година никогаш осудуван.



Како го разработувал бизнисот


Во времето, кога го разработуваше бизнисот, најпрво како транзитен, а потоа и како прилив на млади девојки за „работа“, по нелегални бордели, Бојку стана познат како „некрунисан крал на проституцијата“, особено во Западна Македонија. Дилавер Бојку, според пишувањата на српските медиуми наводно контролирал два главни илегални правци за транспорт на девојки и жени. Еден кој доаѓал од Бугарија, а друг од Албанија. Двата транзитни канали завршувале во неговото родно село Велешта, кај Струга, кое своевремено важеше за место со најголем број проституки во Македонија. Според пишувањата, во Велешта тогаш во секој момент имало од 200 до 250 жени подготвени да го продадат своето тело. Според информациите, Леку за себе задржувал дваесетина најубави девојки, кои ги нудел на клиентите во својот бар „Експресо“. После неколку месеци работа кај него, тој ги продавал на Косово, каде овој бизнис бил уште попрофитабилен.

Бојки: „Проституцијата е во природата на жените со кои работам...


Дилавер Бојку - Леку, стана познат во средината на 90-тите години кога поради подведување на проституција беше уапсен и осуден на три години затвор, а се прослави со изјавата: „Проституцијата е во природата на жените со кои работам, а јас само им помагам и се обидувам да ги усмерам да пронајдат спас“. Бојку долго време за македонската полиција беше недопирлив, бидејќи пред секоја рација тој благовремено се криеше, пред се благодарејќи на информациите кои до него стигнуваа од МВР. Благодарејќи на тие врски во втората половина на јуни 2003 година, Бојку им побегна на чуварите кои од затворот во Струга, каде издржуваше шестмесечна затворска казна, требаше да го префрлат во затворот во Охрид.

Р.Ф.

No comments

Powered by Blogger.