МекГрегор го промени мислењето и со ладна глава му испрати искрена порака на Мејведер

Пишува: Точка

Конор МекГрегор користеше безброј ниски и невообичаени провокации во најавата за големиот спектакл кој се одржа во Лас Вегас минатава недела, но сепак кога дојде време да му подаде рака на Флојд Мејведер и да му честита за победата во рингот, ексцентричниот Ирец тоа го направи во голем стил и со џентлменска прегратка.

Феноменалниот УФЦ шампион во својата најнова објава на Инстаграм направи подетална анализа за тоа што се случуваше во рингот, а покрај тоа што потенцираше дека клучно за неговиот пораз било трошењето во почетните рунди, не заборави да му испрати и искрена порака на големиот шампион и борец Мејведер.

– Големи честитки до Флојд за начинот на кој се бореше. Тој има огромно искуство и неговиот метод на работа е одличен. Му посакувам се најдобро во неговите пензионерски денови. Флојд е неверојатен боксер, неговото искуство, неговата смиреност и неговата издржливост го одведоа до победа, тука нема сомнеж. Секогаш велев дека тој не е борец, дека тој е боксер. Но кога го делев рингот со него, сфатив дека тој е солиден борец. Силен во зафатите, тој поседува многу силни алатки кои без проблеми може да ги спроведе и во една ММА борба, тука нема никаков сомнеж, – вели МекГрегор кој сега е убеден дека Мејведер е до толку добар борец што може да се носи и во УФЦ октагоните.

No comments

Powered by Blogger.