Грозоморно убиство во Велес, со чекан го убил соседот а потоа објавил на Фејсбук!

Пишува: Alsat

Грозоморно убиство се случило синоќа во Велес. 46-годишниот С.В влегол во семејната куќа на својот сосед и со чекан им нанел тешки телесни повреди на повеќе лица, а едно лице починало.

С.В потоа сам го признал убиството објавувајќи на Фејсбук дека “ги убил монструмите.”

Дежурниот јавен обвинител извршил увид на местото на настанот, а С.В е веднаш приведен.

No comments

Powered by Blogger.