Позирала само со високи потпетици: Пејачката се соблекла и најавила враќање на сцената

Пишува: Точка

Новиот албум ќе се вика "Double Dutchess".

Американската пејачка Стејси Ен Фергусон, попозната како Ферги, ја запоставила кариерата откако го родила синот кој сега има три години. 42-годишната Ферги најавила големо враќање на сцената, објавувајќи неколку разголени фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Пејачката ги изненадила фановите со фотографии на кои е само во високи потпетици. Новиот албум ќе се вика "Double Dutchess", а Ферги верува во неговиот успех, иако нејзините неодамнешни песни биле целосно промашување.


Таа на сцената се обидела да се врати уште минатата година, кога објавила спот во кој им оддала почит на холивудските мајки, меѓу кои се нашле Ким Кардашијан, Криси Тајген, Кјара и Алесандра Амбросио.

Во спотот славните мајки во провокативна облека се поливаат со млеко, а Ферги објаснила дека кратенката "MILF", која повеќето од вас знаат што значи, ја претворила во "Moтher i'd Like to Follow".
Дали сега ќе има повеќе среќа и како ќе звучат нејзините нови песни, останува да видиме.

No comments

Powered by Blogger.