За викендов дожд и грмежи

Пишува: Точка

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а во крајните западни делови ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, а максималните од 28 до 32 степени.

Во скопското подрачје ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен ветер и со услови за краткотраен локален дожд. Температурите ќе се движат од 10 до 31 степен

В сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови од земјава. В недела ќе преовладува стабилно, суво и релативно топло време. В понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд со појава на грмежи, кога и дневната температура ќе биде во опаѓање.

No comments

Powered by Blogger.