Како реагираат знаците кога го читаат сопствениот хороскоп?

Иако сите припаѓаме на некој од 12-те знаци во Зодијакот, не секој од нас верува во хороскоп. За некои хороскопот е сериозна работа, за други само забава, за трети – чиста бесмислица.

Пишува: ЦрноБело

Сепак, постои и таква група која е запознаена со општите начела и карактеристики врзани за хороскопските знаци, а веќе им е преку глава да читаат едно те исто.

Ракот бил емотивен, Скорпијата опседната со секс, бла бла бла... си помислуваат.

Како навистина реагираат знаците додека го читаат својот хороскоп?

Овен

ГОСПОДЕ БОЖЕ! ШТО ВИ Е БРЕ ЛУЃЕ? НЕ СУМ БИЛ СМИРЕН?! КАКО НЕ СУМ СМИРЕН?!?! ПОСТОЈАНО СУМ КУЛ!

Бик

Не јадам значи цело време. Кој го измислил тоа дека ако не е убаво декорирано јадењето нема да го чепнам? Ај ако не ќе умрам од глад затоа што јадењето не е аранжирано добро.

Близнаци

Не е точно дека зборувам многу. Кој го кажа ова? Кој почна прв да ја разнесува оваа гласина за Близнаците? Врска нема ова, јас ли бре уста не затворам, ти да видиш колегата мој, е такво зборување не си видел, а не само за Близнаци тука ќе се пишува колку дрдореле...

Рак

Добро, само тоа научиле. Ракот е емотивен, ракот е плачко. Е добро де, си плачам. И што сега? Да не ќе ми дојдеш дома и ќе ми речеш да не плачам? Е ќе си плачам!

Лав

Да, сè што се пишува во хороскопот е точно за нас Лавовите. Најдобри, најуспешни, најпаметни, супериорни, не попусто се рекло дека Лавот е крал на животните. Хранете ни го егото и понатаму, ви благодариме.

Девица

Зошто сите мислат дека сум опседната со чистење? Да ми ја видите кујната, плочките пола ден не се пребришани. Алиштата несредени, не се ниту по боја подредени. Кога ќе речат Девица – чистотница, ми доаѓа да врескам. Па не пуштам по 3 машини секој ден аман, само 2.

Вага

Да, си флертувам, ама не со сите. Каков стереотип. Дали имам одреден тип? Па што знам, сите си се убави на свој начин, и русокоси и црни и костенливи, и сини очи се убави, ама па и црни и зелени...

Скорпија

Кој бе жити сè почна да пишува дека Скорпиите се чисто зло? Кој е бе тој, ако го најдам ќе го убијам, жими сè!

Стрелец

*Се смее на сè што чита за себе во хороскопот и 5 секунди подоцна веќе заборава што прочитал.

Јарец

Не сум мотивиран, ниту амбициозен толку колку што мислите, ама ајде, нека ви биде. Мислете си така, подобро за мојата работа.

Водолија

Хммм... што? Ќе престанат ли луѓето да веруваат во глупост како хороскопот?

Риби

Добро, значи не сум толку емотивец како што сите пишуваат. * По 5 минути почнува кришум да плаче во тоалетот.

No comments

Powered by Blogger.