Нова мистериозна смрт, тој е седмиот во десет месеци: Руски амбасадор пронајден мртов во базенот на својата резиденција

Пишува: Точка

Причината за смртта уште не е позната.

Рускиот амбасадор вчера вечер бил пронајден мртов во својата резиденција во Картум, главниот град на Судан, јавува агенцијата France Presse.




"Рускиот амбасадор Миргајас Ширинскиј починал вчера во својата резиденција во Картум", се наведува во соопштението на суданското Министерство за надворешни работи.

Причината за смртта, меѓутоа, не е наведена. Но, познато е дека амбасадорот боледувал од висок крвен притисок, рекол портпаролот на полицијата за Reuters. Меѓутоа, според пишувањето на Guardian, Ширинскиј бил пронајден мртов во базенот на својата резиденција.



Извор од полицијата рекол за AFP дека според првите резултати од истрагата, исклучена е можноста во неговата смрт да е вмешана друга личност.

Министерството за надворешни работи на Судан изразило сочувство на Русија, наведувајќи колку амбасадорот вложувал во добрите односни на двете земји.

No comments

Powered by Blogger.