Мерење пред борбата на векот, Мекгрегор „гризеше“ – Мејведер „мртов ладен“ (Видео)

Пишува: Точка

Пресметката помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор или „Борбата на векот“, како што ја пренесуваат сите светски медиуми на програмата е ноќта помеѓу сабота и недела во пет часот наутро, по македонско време.

Точно 24 часа пред битката, според правилата двајцата играчи имаа мерење на својата тежина. Мекгрегор тежи 69,3 килограми, додека тежината на Мејведер изнесува 67,8 килограми.

-Навивачите не ги добиваат борбите, станува збор за борба еден на еден,- кратко искоментира Американецот Мејведер, кој потоа остана смирен, додека Ирецот му се нафрли.

-Ќе поминам преку тебе. Многу сум поголем од него. Гледам човек кој се плаши и така ќе биде и утре. Се вели дека никогаш не можеш да победиш Ирец. Лас Вегас сега е Ирска,- изјави Мекгрегор.

No comments

Powered by Blogger.