Руски експерт за Северна Кореја изнел шокантни детали: Дури и ако го убиете Ким Јонг Ун, тоа нема да реши ништо

Пишува: Точка

Сеул обучува специјалци кои, ако Пјонгјанг започне војна, би можеле да го пронајдат и убијат севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, тврдат некои светски медиуми.

Дали станува збор за шпекулации и дали таквата ситуација би го означила и крајот на Северна Кореја?

Георгиј Толорај, директор на Центарот за руска стратегија во Азија при Руската академија на науки, вели дека за евентуален атентат пишуваат јапонските медиуми, оценувајќи дека се што новинарите пишуваат не вреди да се чита.

Новинарите се натпреваруваат во пишување трачеви за таа земја, смета Толорај и потсетува дека претходно по медиумите 20-тина пати го погребале Ким Јонг Ил, татко на Ким Јонг Ун, а неколку пати известувале и за наводен државен удар во Пјонгјанг.

"Тој тренд продолжува и кога станува збор за неговиот син. Но, постојат индиции дека тајните служби на САД, Јужна Кореја и Јапонија навистина го отвориле прашањето дали севернокорејскиот проблем може да се реши со ликвидација на раководството на земјата, па Пјонгјанг со задоволство ја користи таа тема", нагласува соговорникот на Sputnik.

Тој како пример наведува дека во мај оваа година еден од севернокорејските сајтови објавил видео снимка на која е уапсен диверзант, кој наводно планирал убиство на Ким Јонг Ун.

"Иако тој диверзант не изгледа веродостојно, очигледно е дека одредени планови за ликвидација на Ким Јонг Ун постојат, а дека Пјонгјанг работи на тоа тој план да не се реализира", оценува Толорај.

Рускиот експерт, меѓутоа, верува дека, дури и ако дошло до ликвидација на Ким Јонг Ун, тоа не би значело крај за Северна Кореја.

"Не сметам дека Северна Кореја е диктатура или монархија, во таа земја на власт е привилигирано малцинство и власта се наследува, а тоа значи дека станува збор за "аристократија"".

Ким Ил Сунг своевремено формирал група истомисленици, која во главно ја сочинувале оние кои учествувале во револуцијата, како и нивните потомци и роднини. Тие луѓе и натаму ја сочинуваат владејачката класа во Северна Кореја, и во таа група нема "залутани", објаснува тој.

Како што додава, тие луѓе се свесни дека доколку дојде до исчезнување на Северна Кореја, тие нема каде да одат, ќе завршат или во затвор или ги чека полошо сценарио, и затоа даваат се од себе да ја зачуваат државата, а не е важно кој ја има улогата на лидер.

"Ако Ким Јонг Ун умре, севернокорејската елита ќе избере нов лидер, најверојатно од династијата Ким, а можеби и некој друг: "Кралот е мртов, да живее кралот". Па, така, убиството на Ким Јонг Ун нема да доведе до исчезнување на Северн Кореја", заклучува Георгиј Толорај.

Откако Пјонгјанг лансирал балистичка ракета која ја прелетала Јапонија, од сите страни доаѓаат апели за воздржаност и смирување на ситуацијата.

Меѓутоа, претседателот на САД, Доналд Трамп, порачува дека разговорите не се решение за Северна Кореја, а американски стратешки бомбардери кои можат да носат нуклеарно оружје, извеле заедничка вежба со јужнокорејските сили.

Војската на Јужна Кореја исто така ја унапредила противвоздушната одбрана и капацитетите за изведување на воздушен и поморски десант.

Пјонгјанг, тврдат јужнокорејските медиуми, ќе биде мета на длабока офанзивна операција, за да се ликвидира раководството на Северна Кореја.

No comments

Powered by Blogger.