Гимнастичарката на Путин го покажа свршеничкиот прстен: Медиумите шпекулираат дека се венчале тајно

Пишува: Точка

Во текот на појавувањето во Италија, поранешната атлетичарка Алина Кабаева го покажала прстенот на домалиот прст на десната рака, каде во Русија традиционално се носи венчален прстен. Со години веќе се шушка дека таа е девојка на рускиот претседател Владимир Путин, па веднаш започнале гласините дека тајно се венчале.

Речиси десет години од првите гласини дека се љубовници, 34-годишната Алина при потпишување на автограми го покажала прстенот. Кремљ демантирал дека Алина е прва дама на Русија, но тоа не ги сопрело гласините, посебно не дека таа и Путин имаат и дете.

Иако е една од најубавите Русинки, Алина од 2008. година не се појавила со маж во јавноста. Од тогаш почнале и гласините дека паднала на шармот на тогашниот руски премиер. Во текот на години неколку пати носела прстен, но ништо не било потврдено.

По ова појавување со прстен, весникот Комсомолскаја правда побарал од Кремљ конечно да открие каков е статусот на Алина Кабаева.

"Штета што нејзиниот статус не е објаснет. Секоја жена сака да биде официјална сопруга. Луѓето тоа би го разбрале", пишува во статијата за поранешната ритмичка гимнастичарка.

Алина се појавила во Песаро во Италија откако била прогласена за амбасадорка на Светското првенство во ритмичка гимнастика.

No comments

Powered by Blogger.