Кои хороскопски знаци се најталентирани за лажење?

Никој не е „имун“ на лаги. Сепак, тие не секогаш се и лоши, нели?

Пишува: ЦрноБело

Понекогаш, лагата е единствениот начин да се избегне расправија, иако помеѓу луѓето и понатаму владее ставот дека подобро е да се каже безусловната вистина.

Без оглед на тоа дали сте поборници на повременото лажење, или, пак, се залагате само и исклучиво за вистината, не е лошо да знаете кои се хороскопските знаци што имаат најмногу талент за говорење невистини.

А, шесте хороскопски знаци кои се најталентирани за лажење се:

Близнаци

Во мноштво ситуации, нивната неискреност и не е намерна. Но, сеедно доаѓа до неа, бидејќи често се премислуваат. Тешко им е да се држат до она што го рекле, па многупати „излегуваат“ лажливци, дури и тогаш кога тоа никако не им била намерата.


Рак

Припадниците на овој знак се многу креативни, што им овозможува брзо смислување лаги на лице место. А, Раковите најчесто лажат кога се обидуваат да се извлечат од неволја.

Лав

Лавовите се драматични, а нивната потреба да бидат во центарот на вниманието, често ги инспирира да ги преувеличуваат работите. Кога тоа го прават, само сакаат да бидат интересни, најчесто затоа што вистината им е досадна.


Вага

Кога лажат, лажат за да ја сочуваат хармонијата кон која толку тежнеат. Се разбира, понекогаш позади нивните лаги се кријат и зли намери, ама најчесто само се трудат на сите да им биде убаво.

Јарец

Јарците се практични битија, а нивните лаги им помагаат со леснотија да се извлечат од неприликите.


Риби

Пријателски настроени и полни со сочувство, тие понекогаш ќе играат на картата на „маченици“. Рибите се инаку многу искрен хороскопски знак, поради што е уште потешко да препознаете дали лажат или не.

No comments

Powered by Blogger.