Лидерот на Кју Клукс Клан: Мило ми е што девојката е убиена на протестите во Шарлотсвил

Пишува: Точка

Лидерот на организацијата од Северна Каролина поврзана со Кју Клукс Клан, во разговор за "WBTV" рекол дека му е мило што Хедер Хејер бил убиена во демонстрациите кои избиле во Шарлотсвил во текот на викендот, пренесува "Charlottesville Observer".

Американката Хедер Хејер била убиена во напад со автомобил кој го извел Џејмс Ален Филдс Џуниор, кој се забил во групата антифашистички активисти и притоа повредил 19 лица.



Филдс е припадник на групата бели супемацисти кои демонстрирале против отстранувањето на кипот на Роберт Е. Ли во паркот во Шарлотсвил. 



Во изјавата од понеделникот навечер, лидерот на Лојалните бели витези Кју Клукс Клан, рекол дека му е мило што Хејер загинала во нападот.



"На некој начин ми е мило што луѓето биле ранети и што девојката умрела. Тоа било група комунисти, протестирале против слободата на говорот, па воопшто не ми пречи што настрадале", рекол Мур за WBTV.

"Мислам дека ќе има се повеќе такви настани на собирите на белите националисти", нагласил тој.



"Се наоѓавме таму и видовме многу комунистички и антифашистички знамиња. Белците имаат полн куфер двојни мерила во денешната Америка. Треба да имаме право да излеземе и да протестираме, тоа требаше да е мирен протест. Виновни се антифашистите и комунистите кои се обидоа да не спречат во тоа", рекол Мур.

No comments

Powered by Blogger.