Систематско уништување на Исламската држава: Руските воени авиони само во една сириска провинција ликвидирале илјада џихадисти

Пишува: Точка

Руските воздушни сили со стотици удари во прилично краток период систематски ја бришат територијата која што е под контрола на Исламската држава - само кај Акербат во провинцијата Хама биле ликвидирани илјада џихадисти.

Од руската армија пренесуваат дека со бројните операции на военото воздухопловство и воздушните напади, ѝ помогнале на сириската армија да ја превземе контролата над населбата Акербат во сириската провинција Хама која што и натаму во голем дел е под контрола на џихадистите.

Понатаму, во соопштението на руското министерство за одбрана, се тврди дека само во тие операции околу населеното место Акербат, руските авиони ликвидирале околу илјада припадници на Исламската држава.



„Во интерес на офанзивата на сириската армија, нашите воздушни сили изведоа вкупно 329 воздушни удари и притоа уништија 27 оклопни возила, 48 возила со инсталирано тешко вооружување и беа ликвидирани над илјада милитанти само на просторот на Акербат“, изјави во разговор за руските медиуми, полковникот Сергеј Суровикин.

Исто така, тој откри дека моментално сириската армија и руското воено воздухопловство изведуваат операција која има за цел да ги елиминира преостанатите сили на Исламската држава кои што се распоредени западно и северно од Акербат.



Тој откри дека припадниците на Исламската држава на овој простор натрупале огромна количина на оружје и други средства, а од тоа може да се заклучи дека џихадистите немаат намера да се повлечат, односно се подговтвиле за долготрајни и интензивни борби со сириската армија.

No comments

Powered by Blogger.