Кучето Отис - херој на ураганот кој дивее во Америка: Поради неговата храброст ќе остане запаметен засекогаш

Пишува: Точка

Фотографијата со Отис била споделена повеќе од 38.000 пати на Фејсбук.

Ураганот кој ја погодил сојузната држава Тексас преминал во тропска олуја, која предизвикала поплави поради што животот е парализиран. Сепак, германскиот овчар Отис успеал да се спаси себе, но и торбата со храна поради што во Тексас го нарекуваат херој.

Фотографијата од кучето во градот Синтон додека оди по улица носеќи храна за кучиња, на социјалната мрежа Фејсбук е споделена повеќе од 38.000 пати.

Ураганот кој би во четвртата категорија по јачина, го намалил интензитетот и станал олуја од прва категорија.
Сепак, Харви бил најсилен во градот Рокпорт, каде училиштето и зградата на судот претрпеле значајна штета.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, кој уште не дал информации за смртно настрадани, рекол дека од 254 административни единици во таа сојузна дражава, во 50 е прогласена вонредна состојба.

Евакуирано е населението од подрачјето во близина на реката Бразос, во Хјустон.

No comments

Powered by Blogger.