Фелипе Мело стана фан на Вардар (ФОТО)

Пишува: Точка

Двете победи на Вардар против Фенербахче дефинитивно ќе предизвикаат многу реакции кај европската фудбалска јавност, а поради истите, македонскиот шампион заслужено ќе игра во Лига Европа.

За тоа со колку внимание бил следен реваншот во Истанбул, говори и реакцијата на бразилскиот фудбалер Фелипе Мело кој на Твитер му ја честиташе победата на Вардар. Секако, главна инспирација за Мело беше сеирот кој како поранешен фудбалер на Галатасарај му го фати на големиот ривал од турското првенство.



No comments

Powered by Blogger.