Флојд Мејведер: Погледнете го домот на познатиот боксерски шампион

Пишува: Точка

Насловите на бројните весници, списанија и ТВ емисии го содржеа неговото името, поради борбата со висок профил која прочуениот боксер ја имаше со Конор Мекгрегор.

Овој меч им донесе на двајцата огромна сума на пари, што на Мејведер само му ја зголеми состојбата на веќе постоечката, огромна банкарска сметка.

Флојд е познат во светот по безгрижното трошење на парите и “расфрлање” со богатството – тој е забележан во хотелските лобија со тигар, кој е негово “домашно милениче”, но и како домаќин на многу луксузни забави. Сите овие прикази на неговото богатство се бледи во споредба со неговата неверојатна вила во Лас Вегас, која зафаќа површина од околу 2.200 м2 и е неверојатна во секоја можна смисла.

Неговиот “скромен” дом има пет спални соби, седум купатила и ограден голф терен од светска класа. Секој дел е изграден од врвен материјал и декориран со скапоцени ситници за кои многумина веројатно и сонуваат.

Главната спална соба и гардеробата се дефинитивно врвот на луксузот, а веднаш на листата под нив се најдоа винскиот подрум и раскошната трпезарија. Дневната соба и работната просторија се декорирани во елегантен, маженствен стил што совршено одговара со стилот на овој боксер, додека неговата вила, секако поседува и базен, како и гаража и паркинг простор за поголем број на автомобили.

























No comments

Powered by Blogger.