Сестрите Мидлтон одлучиле да останат бремени во исто време

Пишува: Точка

Иако најпознатиот брачен пар на британската кралска фамилија одлучил да направи пауза од планирање на нови потомци, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон сега се спремни за нов член на семејството.

За работите да бидат поинтересни, и Пипа Мидлтон, сестрата на убавата војвотка, планира бременост.

Малиот Џорџ и Шарлот наскоро, се чини, би можеле да добијат брат или сестра. Извори блиски на кралското семејство велат за британските медиуми дека принцот Вилијам и војвотката Кејт започнале да планираат трето дете.

Иако тие до неодамна тврделе дека прават пауза за да се концентрираат на своите две деца, сега се спремни да го прошират семејството.



Сестрите Мидлтон се многу блиски, па затоа не е ни чуден фактот што оваа среќна фаза од животот одлучиле да ја минуваат заедно.

“Тие веќе подолго време имаат сон да бидат бремени во исто време. Заедничкото делење на тоа искуство ќе биде неверојатно”, вели извор, близок на славните сестри.

Со оглед на тоа што помладата сестра Пипа, во мај оваа година се венчаше со својот долгогодишен вереник Џејмс Метјуз, следниот логичен чекор е основање на фамилија.



“Таа е одлична тетка на Џорџ и Шарлот, а децата ја обожаваат. Сметам дека ќе биде фантастична мајка. Освен тоа, Пипа отсекогаш говори како би било одлично кога таа и сестра ѝ во исто време би биле бремени”, додава неименуваниот извор и додава дека двете фамилии се исклучително возбудени поради тоа.




“Можете да замислите каква забава ќе биде тоа: заедничко бањање на бебињата, купување на облека, трудничка јога”, заклучува изворот за “Us Weekly”.

No comments

Powered by Blogger.