Мајката на монструмот од Барселона проговорила: На синот му го порачала само ова!

Пишува: Точка

Мајката на 22-годишниот Јунес Абујакубу, момчето по кое трага полицијата поради можно учество во нападот со комбе во Барселона, го повикала синот да се предаде бидејќи е подобро да биде затвореник отколку мртов.

Неговата мајка зборувала со новинарите во саботата за време на собирот на муслиманите во центарот на каталонскиот град Рипола, каде јавно побарале мир и спротивставиле на убивањето.

Полицијата се сомнева дека Јунес, со мароканско потекло, е еден од 12-те припадници на џихадистичката ќелија и можен возач на белото комбе со кое биле прегазени пешаците во Барселона.

Покрај мајката на Јунес стоела жена која на новинарите им ги преведувала нивните зборови.

"Нека дојде да ја види, нека дојде кај неа, таа не е виновна за ништо", рекла жената.

"Нека оди во полиција, нека се предаде, таа повеќе би сакала да биде во затвор отколку мртов. Таа не сака да се убиваат останатите, бидејќи се луѓе и бидејќи исламот не зборува за убивање", додала таа.


Семејствата, пријателите и познаниците на терористите осомничени за нападот во Барселона и Камбрилс се собрале на плоштадот за да порачаат дека се "скршени од болка" и со минута молк да ги испочитуваат жртвите.

Роднина на Јунес Абујакубу рекла дека е уверена дека имамот Абелбаки Ес Сати манипулирал со момчињата. Полицијата го бара и него.


Пребаран бил и неговиот стан во Рипола, а неговиот цимер рекол дека Сати во вторникот го напуштил станот, велејќи дека оди во Мароко. Од тогаш не го видел ни слушнал. Полицијата не ја исклучува можноста да загинал во експлозијата во Алканар. Таму, потсетуваме, случајно експлодирале плински боци.

"Не знаеме дали се живи или мртви, не знаеме каде се", рекла жената која била со мајката на Јунес.

Полицијата на прес-конференција рекла дека четири момчиња се уапсени, од кои тројца во Рипола, но немале полициско досие во врска со терористичките активности.

No comments

Powered by Blogger.