Вилијам и Хари зборуваат за моментот кога дознале за смртта на нивната мајка

Принцот Вилијам и Принцот Хари во новиот документарец на BBC зборуваа за моментот кога нивниот татко им ја соопштил трагичната вест за Принцезата Дијана.

Пишува: ЦрноБело

Двајцата принцови споделија дека нивниот татко, Принцот Чарлс, им бил голема поддршка за време на тешките денови.

„Една од најлошите работи за еден родител е да им соопшти на децата дека другиот родител веќе го нема. Но, тој беше секогаш тука за нас, нè чуваше и си помагавме бидејќи сите поминувавме низ истото“, рече Хари.

Принцот Вилијам, пак, меѓу другото зборуваше и за одлуката на Кралицата Елизабета двајцата браќа да живеат во Дворецот Балморал по смртта на Дијана.

„За сите нас ова беше нешто ново и непознато. Татко ми и баба ми мислеа дека е подобро да се преселиме во Балморал некое време за да не сме постојано изложени на сериозни и тешки прашања поврзани со смртта на мајка ми“, рече Вилијам.
Ова е првпат двајцата браќа да зборуваат отворено на оваа тема, а документарецот на BBC со наслов Diana, 7 Days ќе биде емитуван во недела навечер.

No comments

Powered by Blogger.