На Антарктикот е пронајден мистериозен објект?

Пишува: Точка

На најјужниот континент на Земјата е воочен еден сосема мистериозен објект...

Познатиот уралски научник Валентин Дегтерјов, врз основа на направени сателитски снимки, тврди дека на Антарктикот лежи неидентификуван летечки објект. Тој и додал дека наводно ромбоидниот вонземјански брод се срушил пред стотина години, или дури и илјадници години.

- Објектот е направен од дебел слој на бел материјал и е огромен: неговата должина е 30 метри, а широчината е 15 до 20 метри, додал истражувачот. Овие димензии одговараат на повеќекатна зграда, потенцирал тој.

- На Земјата се' уште нема такви уреди, а сочуван е токму поради екстремно ниските температури, бидејќи лежел под дебел слој од мраз и снег, изјавил Дегтерјов.

Падините на оваа планина биле снимени од страна на камера во сопственост на НАСА во 2012-та година.

- На снимката се гледа дека објектот е техноген, објаснил уфологот.

Како потврда на своите заклучоци, тој ги навел и точните координати на местото кадешто објектот се наоѓа - 72 ° 32'41.03 "S, 68 ° 20'1.84" E.

No comments

Powered by Blogger.