ВИДЕО: Незапаметена сцена во белиот спорт: Позната тенисерка го викна тренерот крај себе за брутално да го навреди пред камерите

Пишува: Точка

Ализ Корне ја прегази Јулија Путинцева во првото коло на ВТА турнирот кој се игра во Њу Хевен, но сепак резултатот од 6:0 во двата сета остана во сенка на она што го направи поразената Казахстанка уште во воведниот дел од мечот.

Путинцева започна со негатива од 3:0 во првиот сет, а еден лош пасинг удар од нејзината страна до толку ја изнервира, што го викна својот тренер на теренот за брутално да го извреѓа.

Казахстанската тенисерка која во овој момент е на 50-то место на ВТА листата го понижи својот тренер со срамни зборови, па повеќе од веројатно е дека нивната соработка ќе заврши после срамната конверзација.

– Идиот ли си, никогаш не ми аплаудираш, само гледаш во твојот телефон и глупите видеа. Малоумен ли си?, – беа дел од зборовите на Јулија по кои тренерот ја запраша дали може да и даде некој совет за играта.

– Ајде бегај, што бараш тука. Зошто воопшто дојде тука? Исчезни од тука, – додава 22-годишната Казахстанката која со ваков однос кон своите соработници, сигурно нема да направи некоја посериозна тениска кариера.

No comments

Powered by Blogger.