Погледнете како изгледа денес русокосиот заводник кој ја освои Саманта!

Пишува: Точка

Популарната серија “Сексот и градот” го одбележа крајот на 90-тите и почетокот на новото столетие и постави некои нови стандарди кога се во прашање сексот и емотивните односи.

Низ серијата, помеѓу останатото продефилираа и исклучително згодни мажи, а кога би се бирал најдобриот помеѓу нив, многу од жените би се согласиле за ликот на Смит Џерод – актерот Џејсон Луис кој и се придружи на екипата од серијата во последната сезона.

Денес, судејќи според фотографиите, годините апсолутно му ласкаат на неговиот шарм, а долгата руса коса е се уште негов заштитен знак. На 46 години, Џејсон Луис се уште изгледа привлечно, а следејќи ги светските трендови, тој сега има и брада и бркови.



Освен по серијата, Луис ќе го паметиме по улогата во ТВ серијата “How I Met Your Mother”, како и по актерските улоги во филмовите “The Jacket”, “The Death And Life of Bobby Z”, “The Attic” и “Running Wild”, во кој глумеше покрај Шерон Стоун.

Неговиот Инстаграм профил покажува дека тој во животот ужива со полни гради и остава впечаток на личност која знае како да го најде совршениот баланс помеѓу смирените активности и активностите кои поттикнуваат адреналин, како што се јога, snowboarding, сурфање, возење на мотоцикл, свирење гитара и дружба со семејството и животните. Покрај ваквиот призор, тој не пропушта да го покаже и своето мускулесто тело по кое многу жени воздивнуваа и во “Сексот и градот”.


No comments

Powered by Blogger.