Скриениот остров на Путин: Неговиот најголем непријател открил голема тајна за вилата каде ги "врши" матните бизниси

Пишува: Точка

Снимките од дрон прикажуваат неколку нови куќи, вклучувајќи нова вила, хелиодром и пристаниште.

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, еден од "непријателите" на рускиот претседател, објавил снимки од воздух од скриен остров со вила, кој се наоѓа на границата со Финска, и за кој тврди дека го користи Владимир Путин.

Вилата, позната по името Вила Селгрен, се наоѓа на сликовита локација од 50 хектери, во близина на островот Лодокњи во Финскиот залив. Корестена е како позадина за современата адаптација на филмот "Шерлок Холмс", снимен во 80-тите години.

Снимките од дрон прикажуваат неколку нови куќи, вклучувајќи и нова вила, хелиодром и пристаниште. Навални рекол дека локацијата била добро чувана со стражари, вклучувајќи и голема ограда. Исто така, и дека на локалните жители им е забрането да чекорат на тоа подрачје.



На снимката која Навални ја поставил на ЈуТјуб наведува дека имотот е во сопственост на блиски пријатели на рускиот претседател, но дека тој ја користи.

"Сите докази јасно укажуваат на една од стандардните крупциски шеми на Путин. Неговиот личен имот е регистриран под име на негови блиски пријатели, кои станале многу богати во последните 17 години", рекол опозиционерот на снимката, која за 24 часа била прегледана преку 2 милиони пати.

Според податоците на Навални, земјиштето на кое е изграден имотот му е изнајмено на бизнисменот Сергеј Руданов. Руданов е син на пријател на Путин, кој работи и за Сергеј Ролдугин. Бизнисменот Ролдугин, кој Путин го познава веќе со години, е поврзан со документите за офшор компаниите со парични текови од 1,4 милијарди фунти, а кои се објавени во аферата "Панамски документи".



Слична истрага за тоа на кого му припаѓа Вила Селгрен на почетокот на овој месец направил рускиот либерален ТВ канал "Дожд". Објавиле скици од дизајнот на ентериерот, кои прикажуваат голем затворен базен и богато опремена канцеларија со двоглав руски орел од злато, кој стои над маса.

Работата на вилата по вкусот на Путин започнала после 2010. година, а претседателот на одмор таму бил најмалку еднаш, навела руската станица.

Немало официјална реакција од Кремљ за најновите тврдења на Навални, како ни кога канал "Дожд" ги контактирал за коментар.

Вила Селгрен не е првата куќа во природа која е поврзана со Путин.

No comments

Powered by Blogger.