Подготвени сме за целосно уништување: Светот во паника поради заканите од Северна Кореја

Пишува: Точка

Северна Кореја денес соопштила дека залуден секој обид на Јужна Кореја и САД да утврдат каде се наоѓаат севернокорејските мобилни ракетни лансери, истакнувајќи дека нејзиното стратешко оружје е "подготвено за тотално уништување на центарот на агресија" и провокација "од било кое место и било кога".

Северна Кореја тоа го порачала изнесувајќи саркастични заклучоци за неодамнешната вежба во која војската на Северна Кореја се обидела да открие и да уништи севернокорејски транспортер-лансер - "TEL", пренесува денес јужнокорејската агенција "Jonhap".

"Rodong Shimun", гласилото на севернокорејската владејачка Работничка партија, наведува во коментарот дека вежбите кои јужнокорејската војска ги извела на 24. август - се смешни.



"Нашето стратешко оружје е подготвено за целосно уништување на центарот на агресија и провокација од било кој непредвидлив регион и место во било кој момент", се истакнува во коментарот од севернокорејскиот весник.

Исто така се наведува дека САД и Јапонија ги мобилизирале своите разузнавачки средства поради 24-часовен надзор над Северна Кореја, но не успеале да го детектираат времето и местото на лансирање на балистичките ракети.



Истиот весник наведува дека дури и САД високо ја цени севернокорејската војска поради нејзината способност за камуфлирање, криење и залажување.

"Било какви обиди на марионетите однапред да ги откријат и да ги уништат нашите системи "TEL" се само сништа. Марионетите во Јужна Кореја нема да ја избегнат катастрофата", стои во коментарот.



Во друг текст од истиот весник остро се осудува и Јапонија поради засилувањето на својотсистем за ракетна одбрана со цел пресретнување на севернокорејските ракети.

Специјалните воени трупи на јужнокорејската морнарица на 24. август извеле вежба за инфилтрирање во непријателска територија и лоцирање и уништување на севернокорејскиот систем "TEL" во регионот на источниот брег, во рамките на вежбите кои ги извеле заедно со САД.

No comments

Powered by Blogger.