Историја! Фенербахче на колена - Вардар во Лига Европа

Пишува: Точка

Македонскиот фудбалскиот шампион Вардар оствари голема победа на гостувањето во Истанбул, откако на реваншот од плејофот на Лига Европа славеше со 2:1 против Фенербахче и се пласираше во групната фаза на Лига Европа.

По овој голем, втор триумф против турскиот противник, „црвено-црните“ стигнаа до историски успех за македонскиот фудбал и ќе бидат првата екипа која ќе играат во групите на европско клупско натпреварување какво што е Лига Европа.

Фенербахче поведе во 61. минута преку Нојштадер, но само седум минути подоцна Џигаури израмни и го најави големиот успех на Вардар. Покрај расположениот Гачевски на голот, нашиот претставник одигра мудро и храбро, а по неколку големи шанси за до победа, резервистот Глигоров погоди по контра во судиското продолжение и Вардар триумфираше среде Истанбул.

No comments

Powered by Blogger.