Ѓорческа на стартот од квалификациите на УС Опен против Аиава од Австралија

Пишува: PlusInfo

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на УС Опен во Њујорк ќе игра против 17-годишната тенисерка од Австралија Дестани Аиава. Нејзината противничка се наоѓа на 152. место на ВТА листата и има подобар ранг од Ѓореска, која е на 211. место.

Нашата тенисерка од средината на месец јули немаше настапи на турнири поради повредата на раката. За Ѓорческа ова е второ учество во квалификациите на овој Грен слем турнир. Минатата година беше поразена од Американката Катерине Белис.

Овој меч најверојатно ќе се игра во среда.

Победничката од овој меч во следното коло ќе игра со поуспешната од дуелот Зарина Диаз (Казахстан, 5.носителка) и Ребека Петерсон (Шведска).

No comments

Powered by Blogger.