Успешен тест на американската супер-бомба: Ова нуклеарно оружје ќе ја започне Третата светска војна

Пишува: Точка

Нуклеарната гравитациона бомба "B61-12" е опишана како најопасна во американскиот арсенал, а била тестирана од страна на воздухопловството на САД на почетокот на август.

"F-15E" борбените авиони ја фрлиле бомбата во воздухопловната база Нелис, за да ја тестираат нејзината способност за удар, тврдат во Германската нуклеарна Безбедносна администрација.

Бомбите прво биле тестирани во март, што предизвикало бран од осуда од американски и руски службеници поради ризик од нуклеарна војна. Вториот тест доаѓа на сред растечките тензии со Северна Кореја, чие најново лансирање на ракета над Јапонија ја вознемирило меѓународната заедница.

Брајан Бекер, директор на антивоената коалиција "Answer", рекол дека првито тест докажува дека америакнскиот претседател Доналд Трамп и дал одврзани раце на војската.

"За да ги намали критиките на своја сметка, во медиумите и политиката, Трамп им дал дозвола на своите генерали", рекол тој.

"Па така, сега имаат време да ги тестираат сите оружја кои сакаа да ги тестираат, а не можеа".

Воените аналитичари сметаат дека ова оружје драстично ќе го намали бројот на цивилни жртви и колатерална штета поради својата прецизност.

Но, Михаил Улјанов од руското министерство за надворешни работи, верува дека бомбата ќе отвори капии за користење на нуклеарно оружје во војна.

"Американските воени специјалци тврдат дека оваа бомба ќе биде етички покорисна, бидејќи иам поголема точност и резултира со помалку катастрофални ефекти за цивили ако се користи на големи подрачја".

"Ова поттикнува заклучок дека кога се користат, таквите бомби објективно можат да го намалат прагот на употреба на нуклеарното оружје".

No comments

Powered by Blogger.