Славната манекенка ја покажала својата ќеркичка: Дали е ова најубавото дете во Холивуд?

Пишува: Точка

Американските папараци успеале да ја фотографираат славната манекенка Ирина Шајк во прошетка со петмесечната ќеркичка Леа де Сеин, која се роди на почетокот на април оваа година.

Бидејќи Ирина Шајк и нејзиниот сопруг Бредли Купер никогаш не откриваат детали од приватниот живот во јавноста, овие фотографии на бебето, кои многумина веќе го нарекоа најубавото дете во Холивуд, се вистинско изненадување.
Неодамна, во потполно природно и лежерно издание, руската манекенка беше фотографирана на улиците во Лос Анџелес, додека во рацете ја држела својата петмесечна ќеркичка Леа.

Иако медиумите ретко ги забележуваат, ова е веќе трет пат славната манекенка на Викторија Сикрет да биде видена во јавност по породувањето, без својот партнер Бредли. Атрактивната бринета, дури и во опуштено издание без грам шминка пленела со својот изглед.

Имено, пред неколку недели, славната Шајк патувала низ Европа со своите најдобри пријателки и “направила” кратка пауза од мајчинските обврски.
Тие патувале низ родната Русија на Ирина, а потоа се капеле во Мртвото море. Нивната авантура завршила во Ерусалим, која Шајк ја опишува како “незаборавно патување” на својот приватен профил на Инстаграм.

No comments

Powered by Blogger.