Видео: Навални објави уште една вила на руски тајкун

Пишува: Точка

Рускиот опозициски водач Алексеј Навални повторно го нападна претседателот Владимир Путин поради корупција.Тој објави нова снимка на YouTube на која се гледа раскошна вила, очигледно сопственост на син на пријател на Путин, во која тој наводно престојувал исто така.

Откако беше поставена снимката, ја видоа најмалку два милиони луѓе.

Снимката вклучува и кадри од воздух на вилата во близина на Виборг. Ова е најнова од низата снимки со кои Навални го открива незаконски стекнатиот имот на високи владини службеници и тајкуни блиски Кремљ.

Навални, блогер познат по истраги за корупција, објави дека сака да се кандидира за претседател на изборите во 2018 година, но во тоа го спречува правосилната пресуда против него, што тој ја нарекува политички мотивирана.

No comments

Powered by Blogger.