Скандал ја тресе Британија: Откриено како Железната Лејди профитирала од војната!

Пишува: Точка

Владата на поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер, ја искористила ирачката инвазија на Кувајт како "одлична шанса" да им продава оружје на Заливските држави.

Тајните документи кои ги објавила Националната архива на Британија, откриваат како пред избивањето на Заливската војна во 1990. година, министрите и државните службеници брзале да обезбедат британските произведувачи на оружје да го искористат предвидениот пораст за побарувачка на оружје.

Како што пренесува Guardian, документите вклучуваат доверливи извештаи од Алан Кларк, тогашен министер во одделението за набавка, одбрана и трговија, кои ги праќал до Тачер, додека ги обиколувал Заливските држави пред војната.


Во писмото означено како "тајна", напишано на 19. август 1990. година, неколку дена откако силите на Садам Хусеин го нападнале Кувајт, Кларк напишал приватен извештај за Маргарет Тачер.

Во извештајот го опишал очекуваниот одговор на САД и нивните сојузници "како единствена можност" за организација за одбранбени извозни услуги.


Најновите годишни извештаи покажуваат дека Велика Британија минатата година добила договор вреден шест милијарди евра, што е девет проценти од светскиот пазар, а половина од вкупната продажба наменета за Блискиот исток.

Извештајот ја рангира Велика Британија како втор најголем продавач на оружје во светот, зад Америка.

No comments

Powered by Blogger.