Криси Тајген за проблемите со алкохолот: “Во Холивуд тоа е стил на живот, тешко е да одолееш”

Пишува: Точка

Манекенката Криси Тајген во интервју за Cosmopolitan отворено проговорила за проблемите со алкохолот, признавајќи дека не ѝ се допаѓа нејзиното однесување кога пие.

Сопругата на пејачот Џон Леџенд и мајка на малечката Луна Симон изјавила дека се чувствува лошо бидејќи од себе прави идиот пред луѓето кои навистина ги цени и почитува.



“Бев навикната да испијам една чаша вино секој пат кога ме шминкаа и ме спремаа за различни настани. Потоа, пред доделување на наградите пиев по уште една чаша вино. И на самото доделување пиев уште многу. Отсекогаш сум се чувствувала лошо бидејќи се однесував како идиот пред луѓето кои навистина ги ценам и почитувам, а нема ништо полошо од тоа чувство. Се чувствуваш грозно. И глупаво”, изјавила Тајген, додавајќи како минатиот месец кога била на одмор на Бали сфатила колку пие.

Таа истакнала дека е тешко да се одолее на таквиот порок, бидејќи во Холивуд алкохолот е стил на живот.

“Сè е тука, на дланка. Алкохолот е секогаш околу тебе. Не знам како да одам на некое доделување и да не пијам, а едноставно не можам да испијам само еден пијалок”, вели таа.

Сепак, Криси тврди дека сака да прекине со таквиот начин на живот и открила дека Џон и таа одлучиле да патуваат и да се видат со пријателите пред да започнат процес на вештачко оплодување.

No comments

Powered by Blogger.