Лидија почна да убива во Мексико: Водата однела бебе од рацете на мајка, луѓе во скривници, улиците поплавени

Пишува: Точка

Се наведува дека околу 1.400 жители побарале засолниште од олујата во скривници.

Во тропската олуја Лидија, која го погодила мексиканското летувалиште Лос Кабос, загинале четири лица, едно се води како исчезнато, а многубројни куќи и улици се поплавени, соопштиле денес властите.

Како што се наведува, бројот на жртви би можел да биде и поголем, бидејќи спасувачките служби уште пребаруваат оштетени куќи во селата.



Градоначалникот на Лос Кабос Артуро де ла Роса Ескаланте, изјавил дека две лица страдале од струен удар, дека една жена се удавила, откако била однесена од водата, а дека водата однела и бебе од рацете на една мајка додека минувале низ поплавено подрачје.

Државниот секретар за туризам, Луис Џенер Руиз, рекол дека околу 20.000 странски туристи останале заглавени, бидејќи авио-компаниите ги откажале летовите во таа област.




Се наведува и дека околу 1.400 жители побарале засолниште од олујата во скривници.

Американскиот Национален центар за урагани соопштил дека Лидија се спуштила на копно во петокот наутро, а подоцна во текот на денот почнала уште повеќе да слабее.



Истовремено, далеку над Атлантикот се појавил ураганот Ирма, и има насока која би можела да го одведе кон источното карипско море.

No comments

Powered by Blogger.