Паника во светот: Се огласил Ким Јонг Ун: По лансирањето на ракетата, лидерот на Северна Кореја го порачал ова!

Пишува: Точка

Северна Кореја потврдила дека во вторникот лансирала ракета која ја прелетала Јапонија, и дека ги погодила водите во Тихиот океан.

Ракетата "Хвасонг 12" со среден дострел, чие лансирање го надгледувал севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, "го пресекла небото над островот Хокаидо и 'ртот Еримо и ги погодила целените води во северниот Тихи океан", известила севернокорејската агенција "KCNA".

"Вежбата не влијаеше на безбедноста на соседните земји", пренесува KCNA , додавајќи дека севернокорејскиот претседател изразил "големо задоволство" поради лансирањето на ракетата.

"Ќе има уште лансирања на ракети во кои Тихиот океан ќе биде мета и во иднина", пренела KCNA, цитирајќи го Ким Јонг Ун.

Ракетата, според наводите на јужнокорејската војска, била лансирана од регион во близина на Пјонгјанг, во околу 6 часот наутро по локално време, летала околу 2.700 километри и достигнала висина од 550 километри.

Пјонгјанг ја лансирал ракетата во вторникот рано наутро по локално време, пренел Reuters, потсетувајќи дека во 2009. година последен пат корејска ракета ја прелетала Јапонија.

Во светот завладеала загриженост по најновата ескалација на кризата на Корејскиот полуостров, откако Пјонгјанг ја лансирал ракетата која ја прелетала Јапонија и паднала во Тихиот океан.

No comments

Powered by Blogger.