Шокантно! И Германија ќе ги забрани дизелот и бензинот

Пишува: AvtoPlus

Забраната за мотори со внатрешно согорување се „вистинскиот чекор" и за Германија, изјави канцеларката Ангела Меркел. Ова е прво навестување за забрана во земјата, која е најголемиот производител и главниот пазар за бензински и дизел автомобили во Европа.



Како што објавија Велика Британија и Франција планираат да ја забранат употребата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2040 година, со цел да ги наметнат т.н. почисти електрични возила. „Ова е одлука на маесто, која мора да ја наметне и Германија“, вели Меркел, но не потврдува кога ќе стапи на сила таквата мерка.



На почетокот на предизборната кампања пред две дена, Меркел најави дека земјата сé уште има потреба од бензински и дизел мотори за да ги намали емисиите на CO2. Таа, исто така, ги повика шефовите на автомобилските компании во земјата да бидат поштедни во иднина и да сторат сé за да ја вратат довербата што ја загубија со Dieselgate. Затоа, оваа најнова изјава на канцеларката делува - шокантно!?

No comments

Powered by Blogger.