Проговорил сведокот на смртта на принцезата Дајана: Некои други сили ги замешаа прстите во несреќата

Пишува: Точка

Сведокот на сообраќајната несреќа во Париз, во која загинала принцезата Дајана, рекол дека нејзините шанси за преживување биле многу намалени поради грешката на итната помош и верува дека "други сили" стојат зад трагичната несреќа.

Пензионираниот адвокат Стенли Кулбрет од смртта на Дајана не сакал да зборува за несреќата, поради тоа што нејзините деца, принцовите Вилијам и Хари, биле мали.



Меѓутоа, речиси 20 години по несреќата одлучил да ги сподели своите мисли за настанот кој уште ја интригира светската јавност.
"Секогаш сметав дека тоа беше сомнително, и дека некои други сили ги замешаа своите прсти во тоа. Сега, 20 години подоцна, повеќе од било кога се прашувам дали тоа беше само една обична несреќа", вели Кулбрет.
"Таа беше принцеза. Зошто беа потребни 20 минути итната помош да дојде до неа, и кога конечно ја извлекоа од автомобилот, зошто минаа покрај една болница и ја одведоа во друга", се прашува пензионираниот адвокат.
Тој и ден денес се прашува зошто на тој начин реагирале француските итни служби. Ја предупредил и полицијата, но таа се однесувала незаинтересирано.

No comments

Powered by Blogger.