Крв, парфем, отров од змија: Кои се најскапите течности на светот?

Верувале или не, дел од овие течности се дури поскапи и од крвта.

Пишува: ЦрноБело

Човечката крв е течност што го одржува животот. Но, дали сте помислиле некогаш дека некоја течност може да биде дури поскапа од крвта на човекот?

Еве листа од најскапите течности на светот:

Инсулин

Инсулинот е една од најскапите течности на светот. Фармацевтските компании се обидуваат да извлечат што можат повеќе пари и цените варираат од бренд до бренд, но еден литар чини околу 4.000 долари.


Мастило за печатач

Мастилото за печатач може да биде поскапо од печатачот што го користи.

Чини 720 долари по литар и во канцелариите тој е еден од најскапите неопходни работи.


Човечка крв

Оваа магична црвена течност што ги одржува нашите тела е поскапа отколку што мислите.

Само во една сообраќајна незгода потребно е крв од преку 50 донатори на крв за да ја одржат жртвата жива. За среќа, ширум светот има многу хумани луѓе, па ја донираат крвта бесплатно.


Отровот на кралската кобра

Литар отров на кралската кобра чини 40.000 долари. Отровот може да се користи за правење на противотров.


Парфемот „Channel No 5“

Коко Шанел го креираше иконскиот парфем во 1920-тите и останува една од најскапите течности до денес. Тој е препознатлив како мирис на богатство.


Дрогата „LSD“

„LSD“ е дрога позната по своите психоделични ефекти. Во течна форма таа чини 32.000 по литар, но поради екстремно моќното дејство луѓето ја купуваат во мала количина.

No comments

Powered by Blogger.