Кејт и Лео уживаат во Сен Тропе

Пишува: Точка

Во декември годинава ќе бидат 20 години од појавувањето на филмскиот класик "Титаник".

Главните актери Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет и после 20 години сè уште го одржуваат пријателството, а токму за тоа сведочат и последните фотографии од познатата двојка. Имено, Винслет (41) е на заеднички одмор со својот колега Дикаприо (42) во Сен Тропе.



Не само што уживаат во убавините на југот на Франција, туку Леонардо како вистински домаќин ја покани актерката на гости во неговата вила токму во овој крај.

Од папарацо фотографиите се гледа дека тие се сосема опуштени. Кејт е во флуоресцентно бикини што ги истакнува нејзините облини, а Лео во стандарден машки шорц.



Инаку, деновиве се појавија гласини дека згодниот актер има нова девојка, секако повторно модел, и дека нејзиното име е Нина Агдал, но за сега официјална потврда нема.

Освен за одморот, двојката и претходно годинава престојуваше во Сен Тропе, а поводот беше годишната гала вечер што ја организира фондацијата на Дикаприо.





Кејт и Леонардо се секогаш интересни за јавноста, особено кога некаде ќе се појават заедно. Тие се култна двојка од филмските екрани, што и денес неизмерно се почитува и го негува пријателството. И на било која манифестиација на која присуствувале заедно, секогаш се поддржуваат и имаат убави зборови еден за друг, што е вистинско освежување на светската сцена.



А во продолжение погледнете како изгледаа актерите во „Титаник“:








No comments

Powered by Blogger.